ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ

Денес во Скопје на денот од годишнината од формирањето на Агенцијата за национална безбедност на РСМ , Претседателот на Македонскиот полициски синдикат синдикат(МПС),Д-р Марјан Кицев и Директорот на Агенцијата за национална безбедност(АНБ) Д-р Виктор Димовски го потпишаа Колективниот договор за вработените во АНБ.

Почитувани,

потпишувањето овој Колективен договор претставува чин на унапредување на работничките права, акт во кој се верификувани, надградени и подобрени правата од работен однос на вработените во Агенцијата за национална безбедност(АНБ) за што ние како Македонски полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат во АНБ сме и тоа како задоволни бидејќи успеавме да направиме за еден од најдобрите Колективни договори во земјава.

Со колективниот договор  се подобруваат и унапредуваат правата од работен однос а со тоа се подобрува економско социјалната состојба, се имплементират мерки по европски терк за заштита и безбедност на работниците и многу други поволности кои со потпишување на Колективниот договор ќе се стекнат вработените во АНБ.

На свечениот настан покрај Претседателот Кицев,присуствуваа и Генералниот секретар Киро Трајковски,и Потпретателите Горанчо Јовановски и Борче Грујоски кои водено беа преставниците од Македонскиот полициски синдикат кои како членови на работната група изминатите месеци работеа на изработката на Колективниот договор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *