Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за Разузнавање, Агенцијата за Национална безбедност и Управата за финансиска полиција со обраќање до своето членство и до јавноста !!

Почитувани, денес во просториите на СВР Куманово, на барање на Македонскиот полициски синдикат е одржана вонредна работна средба со раководството на СВР Куманово на која  присустуваа Началникот на Одделот за полиција Игор Митевски и Началникот на Крим полицијата Слободан Алексовски од една страна  и Претседателот на МПС  Д-р марјан Кицев, Генералниот секретар Киро Трајковски, Потпреседателот Зоран Кузмановски и Претседателот на Советот на МПС Куманово Александар Лазаревски како преставници на единствениот репрезентативен синдикат во Министерството за Внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Оваа вонредна работна средба беше иницирана од страна на раководството на Македонскиот полициски синдикат со цел согледување  и непосреден увид во  актуелната состојба во СВР Куманово во делот на наводни незаконски прераспределувања  на вработени и поведување на неосновани дисциплински постапки, кои беа пласирани на медиумите  од страна на група на вработени во МВР и двајца колеги кои се себеси се нарекуваат синдикат, и  се самопрогласуваат за наводни заштитници на вработените во МВР.

При  посетата и обавените разговори со раководсвото на СВР Куманово, со синдикалните преставници и со  членовите на МПС во врска со погоренаведените шпекулации од страна на таканаречениот и незаконски прогласен синдикат кој преку ноќ беше формиран со една единствена  цел замирање на синдиализмот во МВР и ставање под контрола на синдикалното движење, сакаме да го информираме членството и јавноста за следното:

Во однос на прераспоредување на работници надвор од место на живеење, до денес 04.09.2020 година во  СВР Куманово се врачени само 02 решенија за распоредување кои се во рамки на законската легислатива и колективниот договор на МВР, односно не се врачени решенија  за прераспоредување на работници надвор од општина на живеење,како што беше пласирано за наводно респоредување на работници 50 км надвор од место на живеење. Во врска со покренување на дисциплински постапки, исто така е констатирано дека  во овој период не е покрената и не е водена ниту една дисциплинска постапка, ниту пак синдикалниот преставник на МПС добил покана за учество на дисциплинска комисија за покрената дисциплинска постапка каде согласно КД на МВР сме членови. За наводното малтретирање на колешка која е две години пред пензија е констатирано дека во СВР Куманово на две години пред пензија е само една колешка и таа работи како раководител во СВР Куманово и во периодот за кој беше изнесено на медиумите  приложено истат не регулирала сообраќај на терен.

На крајот како единствен репрезентативен синдикат во МВР сакаме да укажеме дека ваквите шпекулации, изнесување на невистини и сеење на страв меѓу колегите не води никаде а особено не за создавање на позитивна клима за работење на колегите. Сидникализмот подразбира борба за правата на вработените но не на ваков начин.  Само со чесни и искрени намери , само со законски издржани претпоставки , само со темелно анализирани предлози идеи и решенија, само со пласирање на  точни информации кои се засновани на факти можеме да ја вратиме довербата на членството кон синдикалното движење.

Сѐ друго е несовесни толкувања кои треба да останат на совеста на нивните автори и советста на нивните ментори.

Со почит

Македонски полициски синдикат

Претседател

Д-р Марјан Кицев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *