ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД ИЗБОРОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ Е ЗА ПОТПРЕСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ССМ ЗА ЈАВЕН СЕКТОР

Почитувани,

на ден 04.09.2020 година,  Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија на својата прва  седница, за Потпретседател на Советот на ССМ за јавен сектор  го избра Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев.

Како Македонски полициски синдикат кој со своите 8000 членови е еден од најбројните синидикати во Сојузот на синдикатите на Македонија  сме задоволни што конечно оваа важна позиција е доделена на Македонскиот полициски синдикат, Синдикат кој е еден од носителите на синдикалното движење за Јавниот сектор во државата.

Честитајќи му ја функцијата ние од Македонскиот полициски синдикат, познавајќи го добро стилот и еланот за работа на нашиот Претседател,  длабоко сме  убедени  дека со превеземањето на функцијата од негова страна,  настапот на ССМ во делот јавен сектор ќе биде унапреден со цел подобрување на економско социјалниот статус на  членовите на ССМ кои работат  во  јавниот сектор во Република Северна Македонија.

Со почит,

Македонски полициски синдикат

Генерален секретар

Киро Трајковски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *