🇲🇰ЧЕСТИТ 8-МИ СЕПТЕМВРИ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА🇲🇰

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев на сите свои членови и воопшто на сите вработени во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Агенцијата за разузнавање,Агенцијата за Национална безбедност и Управата за финансиска полиција им го честита ” 8-ми Септември” Денот на независноста на Република Северна Македонија🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Почитувани,
денешниот празник со кој се одбележува раѓањето и се слави опстојувањето на независна и суверена Република Северна Македонија, нека не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале, но и ни дава сила и мудрост да продолжиме понатаму‼️
Заедно да градиме синдикат кој ќе продолжи и во иднина да биде репрезентативен, меѓународно признат и почитуван💪🇲🇰
Синдикат кој е пример во регионот,синдикат кој промовира соживот, прифаќање и почитување на различноста, благосостојба, солидарност, социјален и економски напредок на сите свои членови💪🇲🇰
Нека е честит и вековит 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија🇲🇰🇲🇰
Со почит
Д-р Марјан Кицев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *