ДЕЛЕГАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ ВО ПОСЕТА НА ОВР “ДЕМИР ХИСАР”

Денес 05.11.2020 година претседателот на Македонскиот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев и генералниот секретар на МПС Киро Трајковски, придружувани од претседателот на Совет Битола Горанче Мицевски и претседателот на ОО Битола Цане Талески беа работна посета на ОВР Демир Хисар.

Посетата е во рамки на програмските определби на раководството на Македонскиот полициски синдикат за директен контак со колегите на терен и увид во условите за работа.

При посетата со цел подобрување на работните услови на вработените и членовите на МПС од Синдикална подружница Демир Хисар, на претседателот на синдикалната подружница Борче Поповски му беше предаден за користење еден фрижидер кој е обезбеден од средствата за тековно функционирање на Македонскиот полициски синдикат.

Акцијата на Македонскиот полициски синдикат ширум републиката за создавање на побезбедна работна средина и безбедни и здрави услови при работа на своите членови продолжува ‼️

ГИ ПОДОБРУВАМЕ НА УСЛОВИТЕ НА РАБОТА ‼️

Ваш МАКЕДОНСКИ 🇲🇰
ПОЛИЦИСКИ 👮‍♂️
СИНДИКАТ✊

Со почит

Киро Трајковски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *