👮‍♂️ПРЕКУ ДИЈАЛОГ ДО РЕШЕНИЕ👮‍♀️

Почитувани членови на Македонскиот полициски синдикат и вработени во МВР.

Како единствен репрезентативен синдикат сакаме да Ве известиме дека со новиот предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за Внатрешни работи, по иницијатива на Македонскиот Полициски Синдикат и министерот Оливер Спасовски се предлага во членот 174 да се додаде нов став 2 кој гласи:
“По исклучок од ставот еден од овој член, Министерството може да го прекине договорот за вработување на работник жена на нејзино барање и со навршуваат на 38 години работен стаж, без оглед на нејзините години на старост”

Како синдикат кој се грижи за своите членови сметаме дека со вака предложените измени на Закон ќе се реши еден голем проблем кој се јавуваше во Министерството со кој беа погодени сите вработени (жени) кои поради породилното боледување беа приморани да одработуваат дополнително од своите колеги (мажи).

На овој начин ќе им се овозможи на вработените жени порано да одат во пензија под исти услови како и нивните колеги мажи.
Македонскиот полициски синдикат а особено Секцијата на жени при МПС е исклучително горда на ова решение  затоа што токму ова прашање беше поттикнато од МПС.

Македонскиот полициски синдикат понатаму ќе продолжи да го негува принципот : ,,преку дијалог до решение,, затоа што  тоа се вистинските вредности на развиена демократска свест во синдикалното делување.

Само здружено, сплотено и со постојан дијалог се постигнуваат клучни системски решенија кои на долг рок предизвикуваат позитивни промени за доброто на вработените во МВР.

ПРОДОЛЖУВАМЕ ПОНАТАМУ‼️

ВАШ МАКЕДОНСКИ
          ПОЛИЦИСКИ
          СИНДИКАТ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *